сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Над 10 илјади активни случаи со корона вирус, починати над 1.000 лица

Над 10 илјади активни случаи со корона вирус, починати над 1.000 лица

Во последните 24 часа регистрирани се 865 нови случаи на Ковид-19, со што бројот на активни случаи со корона вирус во Македонија се искачи на 10.342 лица, информираа денеска од Министерството за здравство.

Според последните информации бројот на активни случаи со Ковид-19 по градови во Македонија е следен:

• Скопје 14028, активни 4862
• Куманово 2333, активни 435
• Дебар 347, активни 55
• Штип 1715, активни 301
• Прилеп 1376, активни 510
• Тетово 2294, активни 609
• Струга 840, активни 121
• Велес 816, активни 420
• Битола 727, активни 298
• Охрид 736, активни 270
• Кавадарци 538, активни 235
• Гостивар 1245, активни 238
• Гевгелија 403, активни 189 (21 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 66 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 993, активни 560
• Крива Паланка 247, активни 95
• Радовиш 244, активни 84
• Крушево 30, активни 9
• Кочани 735, активни 213
• Пробиштип 209, активни 71
• Демир Хисар 86, активни 20
• Македонски Брод 105, активни 9
• Пехчево 60, активни 8
• Берово 215, активни 52
• Валандово 108, активни 39
• Виница 187, активни 71
• Делчево 262, активни 107 (65 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 58, активни 28
• Свети Николе 490, активни 89
• Кичево 594, активни 189
• Ресен 253, активни 68
• Неготино 162, активни 87 (18 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Инаку до сега од корона вирус во Македонија вукупно заболеле 32.436 граѓани, 21.090 оздравеле, а битката со вирусот ја загубиле 1004 лица.

Најнови вести