четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Над 60 илјади лица останаа без работа, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а функционерите по одмори

Над 60 илјади лица останаа без работа, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а функционерите по одмори

Во јавноста вчера излезе информација дека поранешниот генерален секретар и советник во владата Драги Рашковски дека отишол на одмор во Мексико додека Љупчо Николовски првиот човек во владата за борба против корупцијата и вице премиер заминал за Дубаи да се одмори.

И додека граѓаните секојдневно ги губат своите работни места и своите животи заради неспосбноста на власта да обезбеди вакцини и да спроведе структурни мерки за спас на економијата и работните места првите луѓе од власта одат на одмори по рајски острови.

Има голем дел на негативни коментари на социјалните мрежи поради несовесносста и ноншалантоста со која се однесуваат првите луѓе на власта кога треба да се во државата и да се борат за секое работно место и за секој загрозен живот.

Имено, над 60.000 граѓани ги изгубија своите работни места додека секој трет во државата нема основни средства за основна егзистенција. Македонија е земја која има над 500.000 граѓани кои живеат на работ на сиромаштијата додека според сите реномирани финансиски институции овој број ќе расте.

Дополнително застрашувачки е дека огромен број на луѓе ги загубија своите животи како резултат на короната и неспособноста на власта да обезбеди навремено вакцини и соодветна помош и капацитети за лекување на граѓаните.

Инаку, Рашковски во своја изјава кажа дека отишол на одмор во Мексико додека Николовски летал за Дубаи заедно со директорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Станковиќ, кој исто така е придружуван од сопругата.

Најнови вести