По оставката во Државата изборна комисија, Виолета Дума, е назначена за надворешен советник на премиерот, Зоран Заев. Таа вели дека го советува премиерот за реформските закони од правосудството.
Оваа вест ја сподели на својот Фејсбук профил професорката Мирјана Најчевска, со коментар:
„Знаете што? Навистина немам мотив да ја продолжам борбата.
Морам да признаам, на Заев му успеа тоа што не му успеа на Груевски. Да ме фрли во апатија.
Ај со здравје-напиша Најчевска.
Таа е долгогодишен јавен поддржувач на политиките на СДСМ и Зоран Заев, но во последно време не штеди критики за нивната работа.