Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Пожаране 34 литри на метар квадратен, во Тетово 31, Маврови Анови 29, Крушево 27, Претор 22, Крива Паланка 17, Охрид 14, Прилеп 13, по 12 во Битола и Куманово, а 11 литри во Скопје.
Најстудено, пак, утрово е на Попова Шапка со -2, а најтопло во Струмица девет степени, информира УХМР.
Во текот на ноќта времето беше облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови од снег. Утрово е променливо облачно, со слаб локален дожд, а во Тетово и Гевгелија има појава на магла со намалена видливост до 200 м. Дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб локален дожд, претежно во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне 11 степени.