Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за појава на невреме.
Во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и значително потопло.
Во недела ќе има нови врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер и ќе има намалување на температурите, информираат од УХМР.