Времето утре ќе биде сончево и многу топло со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.
Во недела во попладневните часови ќе има локален пороен дожд, појава на грмежи и ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика благо опаѓање на температурата, особено во северните делови. Значителен пораст на температурата се очекува од среда.