До недела ќе се задржи променливо облачно и студено време со умерен северен ветер.
Температурите и понатаму ќе бидат значително под просекот за овој период од годината.
Утринските температури ќе бидат особено ниски па на некои места ќе се спуштаат под -10 степени, а најниски ќе бидат за време на викендот.
Постепен пораст на температурите ќе започне од понеделник.