петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најтешка година- грозјето остана на нивите, а државата се фали со трошки кои ги фрла на лозарите

Најтешка година- грозјето остана на нивите, а државата се фали со трошки кои ги фрла на лозарите

Откупот на грозјето во Тиквешијата е при крај, а грозјето останува на нивите неоткупено да се скапува.

Додека се зголемуваат трошоците за живот, лозарите се соочуваат со уште една голгота. Неоткупено грозје, оставено на нивите да се скапува, нема сигурна цена и згора на тоа затворени откупни пунктови. Ваква е сликата деновите во Тиквешијата откако претседателот на здружението Напредни лозари Трајче Кулев најави привршување на бербата на грозјето.

Според лозарите, оваа година била една од потешките години за нив, додавајќи дека се најавува крај на бербата, а нивниот производот им останува на нивите неоткупен да им скапува.

Лозарите се револтирани и од ниската откупна цена по која се откупуваше грозјето и се жалат дека државата не им помогнала во решавање на нивниот проблем.

Оваа година беше многу тешка, да не речам катастрофална. Оставени сами на себе. Од самиот почеток се знаеше како ќе заврши сето ова. Немаше ниту сигурен откуп, ниту загарантирана цена како што ни ветуваа.

Дојде премиерот Заев ни вети нешто и си замина. Ветувањето од 4 денари субвенција за килограм грозје не значи ништо за нас, кога грозјето ни го откупуваа за 2,3, 4 денари. Плаќањето на истото е на рати до наредната година. Знаете што е тоа за нас, цела година го работиме за на трите месеца да ни фрлаат по некоја трошка. Ни го потценија и трудот и маката, вели Петко од кавадаречко и додаде:

-Сериозно размислувам наредната година да не го работам, и онака сум само во трошок и долгови од него. Државата не ја интересира нашиот проблем, ако оваа година беше тешка, наредната ќе биде уште потешка. За што да работам? За да ми остане цело грозје на нивата необрано? Власта не остави сами на себе да се снаоѓаме, откупните пунктови беа затворени, за се во оваа држава треба да имаш некој познат, дури и за грозјето да ни го откупат треба да фатиш врски. Дојде ред да се молиш грозјето да ни го откупат за 3 до 4 денари. Па нели е тоа срамота и потценувачки, говори лозарот.

Власта иако ветуваше загарантиран откуп и цена сепак се појасно е дека нема ништо од тоа. Разочараноста кај лозарите е голема, а револтот и незадоволството на лозарите од Тиквешијата беше голем уште од самиот почеток од бербата на грозјето кога не се знаеше што точно ќе се случува со грозјето.

Се чини дека власта наместо да ги реши нивните проблеми, со вакви краткорочни и непромислени мерки дополнително ги зголемува.

Најнови вести