петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најтопло било во 2007 година, во овој македонски град буквално било како во пеколот

Најтопло било во 2007 година, во овој македонски град буквално било како во пеколот

Најтопло лето откако се мерат температурите во земјава имало во 2007 година кога се измерени рекордни 45,7 Целзиусови степени.

Температурниот максимум е регистриран во Демир Капија на 24 јули 2007 година. Рекордот и за Скопје е во истиот тој ден, кога температурата се искачила до 43,4 степени. Тој ден се измерени и рекордни 45,3 степени во Гевгелија, 43,5 степени во Штип и 40,2 степени во Крива Паланка.

Температурите во државава официјално се мерат од 1948 година. Имало мерења и порано, но не е сигурно колку се прецизни, велат од УХМР.

Територија на земјава и деновиве е зафатена од тропски бран и високи температури кои ќе достигнат 40 степени, додека УВ индексот ќе изнесува 9.

Како што соопшти УХМР, целата територија на земјата ќе биде во т.н. жолта алертна фаза за високи температури.

Најтополо денеска ќе биде во Демир Капија, 40 степени, а најсвежо во Маврово, 28 степени.

До петок во попладневните часови на места ќе има пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на невреме. Потоа повторно следува период на сончево и топло време.

Поради тропското време, надлежните апелираат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури. 

Најнови вести