среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најжешките прашања на маса на тет-а-тет средбата Мицкоски-Заев

Најжешките прашања на маса на тет-а-тет средбата Мицкоски-Заев

По неколку претходни одбивања, денеска во 13 часот во Клуб на пратеници, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев ќе седнат на маса на тет-а-тет средба.

Ваквата средба доаѓа откако во интервју во централниот дневник на ТВ Сител го повика Заев на средба каде би постигнале консензус за сите прашања, на што Заев и покрај неколкуте одбивања веднаш се огласи и ја прифати понудата.

Состојбата во државата е загрижувачка. Дефакто освен економската и здравствената криза, земјава се наоѓа и во политичка криза.

Секојдневието во Македонија е триесетина починати од коронавирус и над 1.300 ново заразени. Први по смртност, последни по вакцини во Европа и светот. Први по степен на корупција, последни по реформи.

Очигледно е дека оваа Влада нема капцитет да ја води земјава, државата се наоѓа во деликатна и сложена состојба. Секој поминат ден е слободен пад и уште еден нов пораз. Граѓаните од политичарите очекуваат одговорност и превземање на крупни чекори.

Извори од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека на лидерската средба Мицкоски оди со искрени намери, и желба да понуди решенија на граѓаните.

На маса ќе се стават најжешките прашања, прашањето за влада, темата со пописот, како и дијалог за законите кои ќе значат вистински бенефит за граѓаните.

Најнови вести