За два сантиметра е намален водостојот на Дојранското Езеро, а за еден сантиметар на Охридското, додека нивото на Преспанското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Со тоа, водостојот на Охридското Езеро е за четири сантиметри повисок од просечниот за август, додека нивоата на другите две природни езера во земјава се пониски од просечните и тоа за 1,22 метри кај Дојранското и за 1,8 метри кај Преспанското Езеро.
За разлика од езерата водостоите на реките најчесто се слични како вчерашните или се малку повисоки или пониски. Најголем скок на нивото од осум сантиметри има реката Вардар на мерното место кај Демир Капија. (МИА)