понеделник, 8. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Намалено нивото на реките, езерата во рамки на октомврискиот просек

Намалено нивото на реките, езерата во рамки на октомврискиот просек

Намалено ниво на реките во државава во однос на просекот за октомври, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР,  двојно пониско е нивото на реката Црни Дрим кај Ложани, а намалени водостои имаат и Вардар кај Велес и кај Демир Капија, Треска кај Македонски Брод и Крива Река кај Крива Паланка.

Единствено повисоко ниво на водата е измерено на реката Вардар кај Јегуновце и кај Скопје, на Пчиња кај Катлановска бања и на Црна Река кај Новаци.

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро се речиси идентични со просекот за октомври.

Најнови вести