среда, 31. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Намалено нивото на реките, езерата во рамки на просекот

Намалено нивото на реките, езерата во рамки на просекот

Намалено е нивото на реките во однос на просекот за мај, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Како што соопшти УХМР, намалени водостои имаат реките Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и кај Демир Капија, Лепенец, Пчиња кај Пелинце и Катлановска Бања, Крива река кај Крива Паланка, Црна река кај Новаци, Црн Дрим и Сатеска, а речиси двојно пониско од просекот за мај е нивото на реката Струмица кај Ново Село,

Повисоко ниво од мајскиот просек има Треска кај Македонски брод и Бабуна кај Богомила.

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро се речиси идентични со мајскиот просек.

Најнови вести