среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Наместо молк, огромен аплауз за Билјана Беличанец: Комеморација во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Наместо молк, огромен аплауз за Билјана Беличанец: Комеморација во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Во Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, денеска беше одржана комеморација по повод трагичната смрт на Билјана Беличанец, актерка, политичар и поранешна градоначалничка на општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

На комеморацијата свои проштални говори имаа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателката на УЖ Благица Ласовска, како и поранешната претседателка Даниела Рангелова, но и нејзиниот колега од театарските штици Роберт Велјановски. Присутни беа голем дел нејзини колеги, соработници, членови на нејзиното семејство.

Во своето обраќање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски преку цитатат на Шекспир ја опоша Беличанец, тој рече:

– Шескпир рекол „Не плашете се од големината: некои луѓе се раѓаат големи, некои стекнуваат големина, а на некои им доделена.“ Билјана беше дел од првата категорија на луѓе, тие кои се раѓаат големи. Таа беше предодредена да биде голема. И тоа не само во својата професија, туку и како човек, пријател, соработник. Професионалец. Поседуваше редок и раскошен талент, огромен човечки габарит. Во нејзе се судруваа контрастите на бесконечната насмевка, детската чистина, и огромната и нескротлива желба да ги направи луѓето околу себе среќни, задоволни, исполнети, дури и би рекол нештедејќи се себеси, жртвувајќи се за да измами насмевки, среќа, задоволство кај другите.

Мицкоски посочи дека Беличанец лавовски се борела и во општината, додека била градоначалничка на Кисела Вода, општина која имала големи проблеми, при што успеала да направи многу.

-Драга моја Беличанец, во овие моменти ние ја продолжуваме битката за која ти говореше далеку пред времето. Потрагата по правдината, чесноста, мечтаењето, тагувањето и радувањето, кажа Мицкоски.

Тој го заврши своето обраќање со повик за еден огромен аплауз наместо молк, затоа што, како што рече, остануваме да го славиме нејзиното дело и име.

Најнови вести