петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Наместо спокојно да си го чека третото дете, скопјанка поминува низ голгота: Нејзиното потресно сведоштво МОРА да ги разбуди надлежните!

Наместо спокојно да си го чека третото дете, скопјанка поминува низ голгота: Нејзиното потресно сведоштво МОРА да ги разбуди надлежните!

Дали на оваа држава, целта и’ е да останат само најздравите луѓе, сите останати пополека да си починат? Каде ни се лековите? Каде ни е рефундацијата на парите кои ги даваме по лекови?! Каде се термините за прегледи вон ковид услови? – овие прашања во очај ги поставува скопјанката Елена.

Таа е мајка на две дечиња и бремена со своето трето дете. Но, наместо спокојно да ужива во бременоста, таа поминува низ голгота!

Нејзиното сведоштво, КУРИР го пренесува во целост! Апелираме до сите надлежни ИТНО да превземат мерки. Елена заслужува да добие здравствена заштита, нејзините деца заслужуваат ЗДРАВА мајка.

Ваквите сведоштва се СРАМ и БЕДА за системот и сите надлежни мора да превземат одговорност!

Сведоштвото на Елена прочитајте го во продолжение. Истото е превземено во согласност од неа:

Бремена сум со трето дете.

-Користам клексан две инјекции на ден (1 чини околу 250 денари), НЕМА НИКАДЕ. Ни под дрво, ни под камен. Користев Фраксипарин до скоро, ама дозволивте да стане од 180 на 268 денари. Пази, зборувам за есенцијален лек без кој јас и моето дете може да завршиме кобно. Од вие си знаете кои причини не одат на рецепт, туку ги плаќаме приватно па молиме како да ни давате нешто ваше после за да ни ги рефундира социјално. Чекаме по месец и кусур, со што да ги купиме наредните?! Ставете ги на позитивна листа, банкротиравме!

-Дијабетичар сум, користам инсулин кој касни редовно. Со тој инсулин, ми следува апаратче за мерење шеќер и лентички за истото. НЕМАЛО, ЗДРАВЈЕ ПОСЛЕ НОВА ГОДИНА викаат од инсулинските аптеки. Шеќерот морам да го мерам 7 пати на ден минимум. Едно апаратче е 800 денари, 50 ленти се 550 денари. Сами направете математика колку ме чини еден ден.

-Имам хипертензија од 2013-та година, цела, ама ЦЕЛА делотворна терапија ја плаќам приватно. Сега во бременост плаќам Метилдопа по 130 и кусур денари, а пред и после Копренеса од 300 денари затоа што друго не ми делува. Зошто не се на позитивна листа? Едно пакетче Метилдопа има 20 апчиња, јас пијам 6 на ден. Одлична математика имате, секоја чест.

И сега почитувани Министер, Советници, Службеници, Директори, Премиери и кои и да сте сите таму во удобните фотељи, кажете ми: каде да купам Клексан, и со што да го платам бидејќи ни претходните не ми се рефундирани? Зошто Фраксипарин од 180 е на 268 денари? Кога ќе добијам лентички за мерење шеќер кои се ЕСЕНЦИЈАЛНИ за да преживеам? Кој ќе ми гарантира дека и нареден месец ќе имам инсулин на време?

Ништо посебно не барам, ништо специјално. Само шанса да живеам и преживеам. Човек сум, ќерка, сестра, жена, мајка на две малолетни деца и трето за некој месец. Дајте ми шанса!

Најнови вести