Народниот правобранител, во врска со ситуацијата во која се најдоа жителите на општина Арачиново (кои веќе неколку дена немаат електрична енергија) поради, како што соопштуваат од ЕВН Македонија, дефект на трафостаниците, упатува апел до компанијата и до надлежните институции, пред сѐ до Министерството за внатрешни работи, веднаш да ги преземат сите мерки и да обезбедат предуслови за санирање на дефектот, со што би се нормализирала ситуацијата со снабдувањето со струја во општината.
Како што информира Народниот правобранител, во неговата канцеларија е доставена претставка од група граѓани, жители на општина Арачиново, кои наведуваат дека иако редовно си ги плаќаат сметките за потрошена електрична енергија, во ситуацијава, во услови на економска криза трпат големи материјални штети (им се расипува храната складирана во фрижидерите), но и дека не се во состојба да одржуваат лична хигиена, а кои се жалат дека во овој случај со одолжување на санирањето на дефектот се дискриминирани.
– Народниот правобанител во оваа прилика ги повикува на заедничка соработка и локалните власти, како и жителите на Општината, со цел што побрзо нормализирање на состојбата, стои во соопштението. мс/лв/