На поменот кој се одржа за македонските бранители, свештеникот на Македонската православна црква предизвика реакцијата кај присутните.
Тој говорејќи на поменот наместо името Македонија употреби „тие загинаа за нашата држава“, а присутните на поменот како во еден глас го поправија:
– За Македонија, попе, загинаа за Македонија!
Свештеникот во својот говор со кој им оддаваше почест на бранителите рече дека тие загинале за „нашата независна држава“, а името на „нашата држава“ во еден глас го слушна од присутните членови на македонски патриотски организации.