понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Народот тоне во сиромаштија, а Владата молчи за помошта која треба да ја добијат најранливите граѓани

Народот тоне во сиромаштија, а Владата молчи за помошта која треба да ја добијат најранливите граѓани

Народот се повеќе тоне во сиромаштија а власта скоро ништо и да не превзема. Иако од страна на владините преставници беше најавен четворт пакет антикризни мерки кој требаше да ги опфати и најпогодените граѓани, односно оние најсиромашните, и кој требаше да почне да се применува од онтомври месец, но еве веќе сме ноември а сетот економски мерки за финансиска помош на граѓаните и фирмите уште го нема.

Законот за финансиска поддршка за ранливите категории сè уште не е готов, а од него и од усвојувањето на ребалансот зависи стартот на реализација на четвртиот пакет. Граѓаните се во неизвесност, а надлежните не откриваат никакви детали од предлог-текстот.

Имено, телевизија Алсат побара одговори од Владата но и од банките, дали ќе се прават нови картички, кој ќе ги дистрибуира, на чиј трошок ќе бидат картичките и дали воопшто ќе се прават нови картички или средствата на граѓаните ќе им бидат префрлени на нивните трансакциски сметки. Од владата и од банките не добија соодветен одговор.

Од Владата одговориле дека во тек е постапка за донесување на Законот за финансиска поддршка на најранливите категории, што значи дека иако помошта беше најавена уште на крајот на август месец властите сеуште немаат прецизирано, кој, што и каква помош ќе добие.

-Во тек е постапката за донесување на Законот за финансиска поддршка за ранливи категории којшто наскоро ќе влезе во законска процедура за што јавноста ќе биде навремено известена, велат од Влада за Алсат.

Значи, на почеток на зимата кога трошоците за живот се поголеми во споредба со летниот период, најранливите категории Владата ги остава во неизвозност и ги остава да се снаоѓаат кој како знае и умее.

Несериозен е пристапот на власта кога секојдневно имаме граѓани кои ги губат своите работни места, кога секој четворти граѓанин живее под прагот на сиромаштија, кога целокупната македонска економија е пред колапс и кога корона вирусот зема замав и дневно имаме по илјада ново заболени, да ги остави во неизвестост најранливите граѓани. Оние на кои, иако мала е помошта која ќе добијат о државата, но сепак и те како им е добредојдена и неопходна.

Првичната проценка на владата е дека платежни картички од по шест илјади денари, треба да добијат околу 280 илјади лица. А, целиот четврт пакет мерки според владините проекции ќе чини 470 милиони евра.

Најнови вести