петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Не Бугарија, туку нагонот за себенегирање на Заев, ќе донесе нова блокада за ЕУ

Не Бугарија, туку нагонот за себенегирање на Заев, ќе донесе нова блокада за ЕУ

Себе негирањето како хибриден нагон на премиерот Заев кон македонската историја, идентитет и јазик по прифаќање на Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија е очигледно дека ќе продолжи кога македонскиот премиер дава изјави како Гоце Делчев бил „заеднички јунак“.

Сега Заев вината ја фрли врз Екатерина Захариева министерката за надворешни работи на Бугарија, која ни порача дека „треба да ги признаете историските реалности поврзани со процесот на создавање на новиот национален идентитет “.

Сега Заев вели внимавајте ќе има блокада од страна на Бугарија, како веќе да не се навикнавме и на оправдувања и на блокади. Заев го нарекува бугарскиот премиер Борисов пријател и брат, па ќе ги решел со него проблемите со Бугарија, додека Захариева е лошата затоа што му предложила непристојни неевропски ниту добрососедски предлози.

Не е ни чудно, предлозите на Захариева се прекршување на хибридниот договор за добрососедство со Бугарија според кој ниедна од страните се обврзува дека „нема да презема, поттикнува и поддржува дејствија, насочени против другата земја, кои имаат непријателски карактер “ прецизирани во член 11.

Но, од друга страна ставовите на бугарските политичари никогаш не се сокрија од јавноста, напротив ја интензивираа пробугарската реторика дома и надвор, додека кај нас македонскиот премиер не сака во јавност да зуцне дека Делчев е македонец.

Заев и пред потпишување на договорот со Бугарија, со политиката на себенегирање направи доволно штета да сега секој може да го уценува македонскиот народ, по изјавите дека Делчев е „заеднички јунак“, тој веќе го испазарил и него и продолжува со хибридниот нарав. Па сега не ни е крива Захариева што си ги кажува пробугарските ставови, кога Заев со ниедна постапка не ги заштити македонските интереси.

Со паметот на Заев останавме без име, без Делчев, без јазик и идентитет, со „сидрото напред“ ќе останеме и без ЕУ, не заради Захариева, туку заради Заев.

Најнови вести