недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Неговото височество, Господарот на лагите, Зоран Заев! Што следно ќе излаже експремиерот?!

Неговото височество, Господарот на лагите, Зоран Заев! Што следно ќе излаже експремиерот?!

Ќе имаме ли нова епизода од шоуто наречено Зоран Заев контра Зоран Заев?! Поранешниот премиер познат по менување на сопствените изјави и одење против самиот себе стана мета на мајтап на граѓаните на социјалните мрежи. Да се опкладиме колку лаги ќе каже Заев денеска… Дали и денеска самиот ќе се демантира, дали ќе го слушнеме добро познатото „јас сум кажал такво нешто?! Јас не се сеќавам дека сум кажал такво нешто…“, пишува порталот Република.

На Зоран Заев секој ден му е Први Април… За секоја негова изјава после има едно априлилили. Изгледа ја сфатил обратно работата- лажи цела година, но на 1 април не…

Последната лага на Заев ја слушнавме вчера. Откако прво беше со навидум цврст став дека промената на имињата на училиштата во општина Чаир е незаконска, вчера на својот профил на Фејсбук напиша дека после темелна анализа и консултација со правни тимови, констатирано е дека немало потреба од Бадентер и дека промената е согласно законот.

Кој го уби Младенов, кој ги уби децата од Смилковско Езеро…

Со така наречените бомби кои Заев ги користеше за манипулација со гласачите, се разнесе самиот себе. Велеше дека ќе открие кој го уби Никола Младенов, за потоа, лично сопругата на Младенов да каже дека се работи за сообрачајна незгода.

Револтирани се семејствата на невините момчиња убиени кај Смиљковско Езеро. Им ветуваше дека ќе ја дознаат вистината за смртта на нивните чеда, ќе им открие завери, но само им ја продлабочи и онака големата болка. На крај рече – не се сеќавам дека сум кажал нешто, како и, јас само кажам муабети кои сум ги слушнал…

Истата приказна ја имавме и со Мартин Нешкоски.

Познат по своите изјави за промена на уставното име на Република Македонија. Секој ден нова изјава. Се чудиш дал тој лаже или ти си полудел. Можно ли е еден човек да излезе со 10 различни ставови да го кажале сето тоа.

„Додека ме држи памет нема да дозволам промена на Уставот“, рече Заев.

Денеска уставот е променет.

На прашање дали доколку СДСМ дојде на власт може да дојде до промена на името, тој одговори:

„Додека дишам, додека го дишам овој македонски воздух, додека ме држи памет дека мојот дедо, мојот татко сите мои предци, јас мојот син и ќерка сме Македонци родени овде во Македонија, тоа не може да се случи“. Дали веќе не дише или веќе децата не му се родени во Македонија?

„Ако пуштите ветришта во жиците кои влегуваат во мојата куќа, ќе го барам и ќе го најдам чаерето. Можете да правите што ви душа сака со сите важни и неважни жици во мојот живот. Но како Господ Ве молам…НЕ ГИБАЈТЕ МИ ЈА ЖИЦАТА МАКЕДОНСКА ОТИ ИЗГУБЕН ВО ВРЕМЕТО, БИ ГО БАРАЛ СЕМЕТО ОДЕЈЌИ ПО ЖИЦA“. Очигледно откако Заев го смени уставното име на Република Македонија, сам си ја скина жицата и сега тој е изгубен во времето и го бара семето одејќи по жица.

Господар на Лагите – така професорката Билјана Ванковска го нарече Заев. Со право.

Изјавите константно ги менуваше и за добивање на датум за преговори со ЕУ.

Да се потсетиме и на видеото:

 

Извор: Република

Најнови вести