Неизвесно е одржувањето на денешната седница на Собранието што вчера ја најави претседавачот на новиот парламентарен состав Талат Џафери.
Од собраниските служби засега нема никакво официјално соопштение, а седницата не е најавена и на веб страницата на Собранието.
Можна причина се семејни обврски на Џафери. Тој синоќа на неговиот фејсбук профил објави дека добил внук од ќерка.
– Благословени и пресреќни сме по вестта дека ќерката Бесиана на свет го донесе нашиот внук, Фрашер!
Двајцата се добро, на нас е да се радуваме на убавите моменти, пишува Џафери на ФБ.