четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нема квалитетно здравство, ама има добар профит

Нема квалитетно здравство, ама има добар профит

Министерот за здравство, Венко Филипче во гостување на телевизија Телма ги отфрли обвинувањата за незаконско работење со офшор посредниците за набавување вакцини од Кина, и истакна дека им смета тоа што добро работат.

„Им смета тоа што добро работиме“, рече Венко Филипче.

На народот им смета тоа што власта лаже секојдевно излегуваат на површина мноштво скандали а дополнително на тоа и се обидува постојано и да ги релативизира скандалите.

Од премногу „добра“ работа во изминатиот период бевме први во светот по бројот на почити лица на милион жители и први по тоа што немаме вакцини. Први сме во светот по се што почнува со зборот „нема“.

Хронологија на најдобрата работа на Филипче започнува со зборот „НЕМА“.

На почетокот немаше заштитни маски, нема заштитна опрема, нема ракавици, визери, нема ПЦР тестови, нема датум за тестирање, нема кислород, нема болнички кревети, нема здравствен кадар, нема повисока плата за медицинскиот кадар, нема вакцини за здравствените работници, нема вакцини за населението, нема бесплатно здравство, нема здравствена грижа ако немаш близок, ама има добро сработена работа во делот на тоа на „П“: Провизии, Парцели и Профит.

Најнови вести