Нема плати, но нема ниту планиран буџет за приватните специјазанти на кои им беше ветено дека ќе добијат плати од мај оваа година. Бројните средби меѓу нив и Министерството за здравство немаа позитивен ефект.
Нивните банкарски сметки и понатаму остануваат празни, а револтот во нив се повеќе расте. Во неколкуте средби со претставници на Министерството за здравство им беше кажано дека проблемот лежи во Фондот за здравство, а не кај министерството, по што околу 100 приватни специјализанти преку писма во три наврати се упатија до Фондот за здравство:
Писмо до Фондот за здравство
Апелираме динамиката на процесот на обработка на податоци и одобрување на финансиски средства да се забрза, бидејќи за нас тоа е многу важно. Очекуваме одговори во најкус можен рок! Обработката на податоци трае подолго од планираното и повеќе отколку што ни беше ветено. За нас, многу е важно да се затвори ова прашање, особено кога ќе се земат во предвид трошоците кои што ние ги имаме. Само исплатата од вториот семестар оди до 1600 евра, пишува во писмото.
Но, дури и по испраќањето на овие писма, Фондот молчеше. На последниот состанок во министерството на специјализантите им беше кажано дека проблемот не лежи во Фондот, но дека требало да биде известен премиерот дали ќе има одобрување на буџетот за плати за специјализантите. Тие сега преку писмена изјава бараат ова прашање да биде затворено.
-Тогаш министерот ни рече: Вие сте најкреативниот дел од нашето општество, мора да останете на ова место! Се чини дека нашата битка е на самиот почеток, а не на крајот. Ветениот буџет не постои, додека ние немаме плата! Цело време од нас се бара да имаме трпение, додека нашата доверба во институциите се намалува. Не сакаме да веруваме дека нашиот ентузијазам со кој им поверувавме на министерството и нивните ветувања беа всушност илузија. Ве молиме итно да го решите овој проблем. Денес, кога миграцијата станува се полесна, да не ја предизвикувајте младината да преземат чекори кон земји во светот во кои вистински ќе ја ценат и ќе ја почитуваат, таму каде што никој не би се исмејувал со нивниот придонес и со нивното трпение, рекоа специјализантите.
Сакаат да знаат зошто во текот на месец мај оваа година, министерот Филипсе им рече дека нивниот буџет е веќе во процес на одобрување.
-Го забрзавме процесот на добивање средства за исплата на овие специјалисти. Вчера се сретнав со премиерот, станува збор за околу 23 милиони денари што ќе ги обезбедиме во текот на следната недела или после неа. Верувам дека во јуни ќе се исплати платата за месец мај, изјави Венко Филипче, министер за здравство.
Оваа група на специјализанти остана надвор од листата на специјализанти, кои беа вклучени во плати, бидејќи министерството списокот го имаше составено пред месец март оваа година, кога оваа група на специјализанти беа запишани за студирање.
Инаку, Македонија има голем недостиг од лекари. Низ целата земја има недостиг од над 380 лекари, додека само во Скопје недостигаат околу 150 лекари кои треба да бидат ангажирани во државните клиники.