четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

НЕМА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО – стрелките на часовникот ќе се поместуваат, еве кога!

НЕМА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО – стрелките на часовникот ќе се поместуваат, еве кога!

И покрај размислувањата за продолжување на летното сметање на времето, сепак Владата соопшти дека ќе дојде до поместување на стрелките од часовникот ноќта меѓу 29 и 30 октомври.

-Нема промена во системот на сметање на времето, потврдиле од Владата и повеќе детали најавиле по завршување на владината седница.

Првичната идеја за менување или задржување на зимското сметање на времето дојде токму од „Илинденска“ бр. 2.

Идејата предизвика големи полемики и дијаметрално различни ставови во јавноста каде секоја од страните излезе со свои аргументи “за” и “против”. Најгласни во спротиставувањето беа производителите според кои предлогот не само што нема да овозможи поголема заштеда, туку и ќе има негативни ефекти врз процесот на производство.

Од Министерството за економија пред неколку дена за „Локално“ соопштија дека прават сеопфатна анализа во консултација со експертската јавност, надлежните институции и бизнис секторот за тоа како би влијаело и кои би биле ефектите за промена на сметањето на времето.

Европската комисија пред четири години ја отвори дебатата за целосното укинување на менувањето на зимското и летното сметање на времето.

Анкетата спроведена во тоа време покажа дека околу 83 отсто од жителите на ЕУ изјавиле дека поддржуваат укинување на овој начин на пресметување, по што Комисијата достави официјален предлог до Европскиот парламент, кој го усвои во 2019. На сите држави им беше оставено сами да си одлучат што ќе прават, но во пракса не дојде до промени.

Најнови вести