среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Немало нова сообраќајка кај Катланово, настанала забуна

Немало нова сообраќајка кај Катланово, настанала забуна

Немало нова сообраќајна несреќа попладнево кај Катланово.

Погрешна била информацијата што претходно до медиумите ја испратија од Ценатрот за управување со кризи, а по известување од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта.

„Поради технички причини од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известуваат дека патниот правец Велес -Скопје не е во прекин и немало сообраќајна незгода. Информацијата од нивна страна по грешка е пуштена за настанот кој се случил на 26.06.2023 година“, објави ЦУК во корекцијата.

По објавата, МВР барало проверка на информацијата, и се испоставило дека на тоа место немало денес сообраќајка несреќа

Најнови вести