среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Независните пратеници кои го поддржаа Заев ќе бараат “бомбите“ да не се докази

Независните пратеници кои го поддржаа Заев ќе бараат “бомбите“ да не се докази

„Бомбите” да не се користат како докази во судска постапка, туку да бидат само индиции, ова е чекорот што ќе го преземе независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, преку амандманите што ќе ги поднесе во Собранието за предлог законот за Јавно обвинителство.

Ова го најави независната пратеничка Нола Исмајловска Старова, истакнувајќи дека „мораме да се осигураме дека незаконските прислушувани материјали нема да бидат злоупотребени“.

Таа рече дека амандмански ќе бараат и одложено дејство на законот за 6 месеци, а ќе интервенираат и во врска со начинот на избор на јавни обвинители за организиран криминал и корупција.

Најнови вести