недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Николоски од Битола: Повикувам Бугарија да собере храброст и сили и на следниот самит кој што ќе се одржи за неколку недели во Луксембург да го тргне тоа фамозно вето за почеток на преговори на Македонија со ЕУ

Николоски од Битола: Повикувам Бугарија да собере храброст и сили и на следниот самит кој што ќе се одржи за неколку недели во Луксембург да го тргне тоа фамозно вето за почеток на преговори на Македонија со ЕУ

Денеска во рамки на посетата на Битола, од ВМРО-ДПМНЕ организираме трибина на која што ќе зборуваме за она што можеби е најактуелно во моментов, а тоа е европската перспектива на Македонија, состојбите со европските интеграции, меѓународните односи како тука е неизбежен спорот со Република Бугарија, но и владеењето на правото и борбата со организиран криминал и корупција како два основни темели на кои што се темели напредокот на Македонија, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

-За жал Македонија не напредува во изминативе години, и за жал Македонија стои во место. Причините се најмалце две, една секако е ветото кое што Бугарија го става на европските интеграции на Македонија и повикувам еве тука од Битола да Бугарија собере храброст и сили и на следниот самит кој што ќе се одржи за неколку недели во Луксембург да го тргне тоа фамозно вето за почеток на преговори на Македонија со ЕУ и Македонија да почне преговори со ЕУ, затоа што тоа пред се го заслужуваат граѓаните на Македонија. Втората причина секако е застојот во реформите, јасни се барањата на европските институции пред се во делот на владеењето на правото, понатака во борбата со организираниот криминал и корупцијата, и во реформите кои што или не се случуваат или назадуваат, сведоци сме сите на состојбата во државата и тука нема ниедно друго решение освен промена на Владата и брзи предвремени парламентарни избори. Секако тоа е надополнето и со економската криза која што се случува во Македонија и националната катастрофа ако сакате. Така што сите овие работи кога ќе се стават во контекст и кога сите овие работи ќе ги видиме, брзи предвремени избори се единствено решение, истакна тој.

Николоски ги повика сите граѓани на Битола, на пелагонискиот регион да се приклучат на 18-ти јуни, на големиот сенароден митинг на кој што ВМРО-ДПМНЕ ќе побара предвремени избори.

Најнови вести