среда, 14. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Николоски : Од кампањата на Владата за вакцинација се гледа дека единствено нешто што ги интересира се пари, а не здравјето на граѓаните

Николоски : Од кампањата на Владата за вакцинација се гледа дека единствено нешто што ги интересира се пари, а не здравјето на граѓаните

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, при денешната посета во општина Гази Баба, одговарајќи на новинарско прашање запрашан за негов коментар околу новата кампања на Владата против Корона вирусот, тој истакна дека за кампањата на Владата против Корона вирусот уште еднаш се покажа дека власта единствено нешто што ја интересира се пари.

-Во однос на кампањата уште еднаш се покажа дека единствено власта што ја интересира се пари, имено јавноста е сведок на она што го објавија медиумите, го коментиравме и ние како ВМРО-ДПМНЕ дека Македонија закасни со вакцини затоа што преку фирмата ,,СТАБРИ’’ од Хонг Конг, власта се обиде да земе провизија од набавката на кинески вакцини, и затоа Македонија последна доби вакцини, истакна Николоски.

Тој посочи како сега гледаме дека лансираат кампања од 300 илјади евра, така наречена едукативна, а во меѓувреме не прават ништо друго.

-Клучното прашање за власта е зошто во Македонија немаше вакцинација како што имаше во останатите земји на пример во Јануари, Февруари , Март, Април, зошто заради тоа се изгубија илјадници човечки животи и зошто сега ги присилуваат луѓето да се вакцинираат во услови кога тоа требаше да се случува во континуитет од Јануари месец до сега, рече Николоски.

Најнови вести