Собранието по повеќе од дваесет часа утрово ја прекина расправата по Предлог законот за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка.
Ова законско решение предвидува да му се признае на Макпетрол сопственост на 50 отсто од гасоводот во земјата и да му се исплати цена од 33 милиони евра.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека предложеното законско решение е еден од серијата закони што ја убиваат правдата и ги прекршуваат основните начела на правото. Според нив, не може да има закон за спор зашто тој се решава со медијација и во судовите.
-21 час непрекината битка во Собрание! Власта НЕ УСПЕА да го изгласа спорниот законот за преценета продажба на ГаМа. Ќе се обидат пак деновиве, но оваа битка во текот на два дена, две ноќи и едно утро покажа дека против ВМРО ДПМНЕ власта НЕ МОЖЕ! Честитки за големата и силна битка на сите пратеници од опозицијата! ПРОДОЛЖУВАМЕ со борбата за ПРАВДА и БОРБА СО КРИМИНАЛОТ во Македонија, пишува на Фејбук пратеникот Александар Николоски.
Дваесеттата седница на чиј дневен ред е овој Предлог-закон ќе биде дополнително закажана.