понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ смета дека е огромен проблем бугарските позиции да станат дел од преговарачката рамка за Македонија

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ смета дека е огромен проблем бугарските позиции да станат дел од преговарачката рамка за Македонија

Бугарија ја користи слабата позиција на Македонија која со оваа власт не е спремна за почеток на преговори. Доколку влезат позициите на Бугарија во преговарачката рамка, тоа е најлошо решение кое во годините што ќе доаѓаат ќе стане пекол за Македонија и континуирано условување за Македонија од страна на Бугарија и кое ќе добие европски печат. Ако тоа се случи ќе се сведе на или да прифатиме дека до 1945 сме биле Бугари и дека јазикот е дијалект на бугарскиот јазик или да не напредуваме кон ЕУ и тоа е нешто што нема да прифатиме, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија, Александар Николоски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ако прашуваат СДСМ и ДУИ бугарските позиции ќе беа дел од прегаварачката рамка, но има негодување во ЕУ бидејќи од билатерален проблем на Бугарија и Македонија ќе стане проблем на ЕУ со Македонија, додаде Николоски.

Во врска со преговорите на власта со бугарската власт тој изјави дека се се сведува на тоа дека поранешниот премеир Зоран Заев се уште ги влече конците и тој е тој кој ги поставува работите на маса, а неговите интереси не се Македонија и македонскиот народ, туку лични.

– Извршителите на Заев се спремни да потпишат договори кои директно задираат во самобитноста на македонскиот народ и јазик. Тоа е надвор од реалноста. Ние зборуваме јазик различен од сите останати народи на Балканот и сме народ различен од сите останати народи на Балканот, а македонската држава има јасен историско политички континуитет кој почнува во 19 век, низ преродбата кога јасно се дефинира мислата за ослободување од Отоманската империја, се материјализира низ двете големи востанија Кресненско и Разловечко, круната ја добива со Илинденското востание, и таа битка оди преку Балканските војни и Првата светска војна, потоа круната ја има со АСНОМ и НОБ, а пиемонтот е референдумот за независност од 1991 кога Македонија прогласи независност и никој не може да го негира ова и не може да оди спроти ова, истакна Николоски.

Николоски потенцираше дека за среќа на Македонија власта наидува на сериозен отпор кај народот, но и секој договор кој ќе го подрива македонскиот народ и јазик кога ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада ќе биде поништен.

Најнови вести