четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николова Буџаку со жестоки критики до власта и Филипче: Не можам да дозволам ближните да ни умираат, а вие да уживате

Николова Буџаку со жестоки критики до власта и Филипче: Не можам да дозволам ближните да ни умираат, а вие да уживате

Мери Николова Буџаку, долгогодишен член на СДСМ, со остри критики до состојбата во здравството.

Таа во три свои статуси на социјалните мрежи директно го повикува Филипче да си даде оставка, но ја критикува и власта што тоа не го бара од него.

-Како бе не ви е срам, секој ден ни умираат луѓе по болниците и никако од Филипче да се побара одговорност или сам од морални причини да си даде оставка. А можевте по брза постапка да барате разрешување од директорот на затворот на Шутка, ни крив ни должен, но морален. Ајде сега зборувајте ми за правда и правичност. Мизерија, порачува таа.

Николова Буџаку, раскажува и загрижувачки пример на кој била сведок, а тоа го наведува како уште една од причините зошто Филипче треба да биде разрешен.

-Една пациентка случајно ја сретнав денес и со солзи во очите ми се обрати. „Имав денес повреда и требаше да примам вакцина. Никаде ја нема и не ја примив“. Требало две ампули, едната ја немало, некаде се чекало тендер, а тендерот никако да се распише. „Од Ресен дојдов до Скопје болна и така ќе се вратам. Се повредив на рака. Одговорот од Итната беше дека едната ја имаат, другата не, а за да има ефект треба да се примат двете заедно“, напиша таа.

Политичарката која со години жестоко ги бранеше СДСМ, сега вели дека ова е уште една причина власта да го разреши Филипче.

На денот на ретките болести, Николова Буџаку испрати апел дека луѓето умираат, а тендери нема. Министерот Филипче го нарекува профитер, а министерството со кое раководи-министерство за смрт.

-Ти си ми една од причините поради што ќе ги бојкотирам претседателските избори. Не можам да дозволам ближните да ни умираат, а вие да уживате. А не сум сама, многу сме! Ќе се уверите после избори кога ќе го дознаете резултатот, им порача таа на своите сопартијци.

Најнови вести