Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема се поголем замав. Од вкупно 31 доделена лиценца, од кои само 10тина се доделени во месец декември, поголем дел од нив се доделени на фирми чии сопственици се блиски до Владата на Заев и СДСМ, обвинува Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.
-До сега презентиравме две фирми блиски и поврзани со Владата на Заев и СДСМ, фирмата на синот на познатиот Ванчо Деликатес и фирмата на сопственикот на Делукс Ауто Бобан Спасовски, денеска ќе презентираме и трета фирма која што добила лиценца доделена од Владата на Заев. Фирмата Канналифе ДОО Ивањевци Могила е една од фирмите која добила лиценца, инаку фирма чиј сопственик е фирмата АрЕкспорт Струмица, чиј краен сопственик е Митра Лазарова, мајка на Кирил Лазаров, сопственикот на НИКОБ обезбедување. Инаку НИКОБ обезбедување важи за фирма блиска до Владата на Заев и СДСМ, и има добиено бројни тендери од Владата, при кој најпознат е тендерот во вредност од околу 3 милиони евра каде што ја обезбедуваат Владата и уште 30тина државни институции. Владата на Заев доделува лиценци на свои блиски фирми, без размислување дали предизвикува хипер инфлација на лиценци или дали се исполнуваат критериумитеза доделување на такви лиценци, вели таа.
Николовска порачува дека целата хипер инфлација на лиценци за одгледување канабис треба да бидат предмет на ревизија дали сите компании ги исполнуваат условите или не.
-Скандалот “Канабис-милионите на Заев” мора да се истражи во детали и да се утврдат сите прекршени процедури во доделување на лиценците. Одговорност после 12 април мора да има. Заев и СДСМ се виновни за се што и се случува на државата. Но она што е добро, што никогаш повеќе нема да и се повторат на Македонија, порача таа.