четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Николовска: Во најновата бомба слушнавме како Заев се меша и врши притисок врз судството

Николовска: Во најновата бомба слушнавме како Заев се меша и врши притисок врз судството

За Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ, најновата бомба што ја објави Антонио Милошоски каде се слуша како Заев тргува со правдата е упад во судската власт и вршење на притисок.

-Првата асоцијација мене лично што ми дојде слушајќи го текстот и содржината од таквата бомба, јас само реков дека тоа е непримерен упад во независноста во извршувањето на судската власт. Првата реакција. Мешање и политички притисок. Ќе имаме можност за да ги разглобиме овие работи, меѓутоа е незамисливо за некој кој е на значајна функција, функција која сама по себе подразбира и моќ и влијание, да биде во состојба да дава такви изјави, да прави такви разговори, за кои што слушнавме подоцна биле наводни преговарања и така натаму. Сметам дека е еден класичен упад во судската власт, во независноста на судството и вршење на огромен притисок, изјави Николовска вечерва во емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија.

Најнови вести