петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Ниту еден преставник на владата не кренал телефон да помогне во справување со невремето, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ им ги чистат приодите до државните објекти“

„Ниту еден преставник на владата не кренал телефон да помогне во справување со невремето, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ им ги чистат приодите до државните објекти“

Досега ниту еден преставник на владата, ниту еден министер, ниту државен секретар или раководител се нема јавено на било кој скопски градоначалник да помогне во справување со последиците од невремето. Никој нема кренато телефон, не пак да помогне. Владата не постои. Народот и општините се препуштени сами на себе, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека советниците на СДС во општините немаат никакво учество и прават опструкции во процесот на расчистување со последиците.

– Воедно градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги чистат приодите и до државните објекти кои ги контролира владата, како што се министерствата, владата и касарната во Аеродром. Дополнително ВМРО-ДПМНЕ го повикува обвинителството да испита зошто не работи градобијната одбрана за што се потрошени илјадници евра народни пари. Исто така да се отвори истрага за надзорот и начинот на кој е дадена употребна дозвола на објектот на Ист Гејт кој се поплави како и зградите наполитанки кои се направија изминатите 5 години, а кои прокиснаа, се додава во партиското соопштение.

Најнови вести