недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нивото на водата во Охридското Езеро расте, но се уште далеку под просекот

Нивото на водата во Охридското Езеро расте, но се уште далеку под просекот

Нивото на водата во Охридското Езеро бележи пораст благодарение на врнежите дожд изминатите денови, но се уште е далеку под просекот за овој период од годината.

Водостојот денеска се наоѓа на котата 693,30 метри надморска височина, што е за 27 сантиметри под просекот за април.

Температурата на водата е 8,5 степени Целзиусови односно под просекот од 10,3 степени.

Зачестените осцилации на водостојот на езерото неповолно се одразуваат врз живиот свет, оттаму што секоја промена на нивото на водата најизразено се манифестира во литоралниот дел од езерото односно крајбрежниот појас каде се наоѓа најбогатиот дел од флората и фауната на еко-системот.

Најнови вести