понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Нов пораз: Македонскиот пасош со пад од две места на светската ранг листа најмоќни патни исправи

Нов пораз: Македонскиот пасош со пад од две места на светската ранг листа најмоќни патни исправи

Нов пораз за Македонија. Најверојато поради „добриот танц со короната“ на Заев и владата на СДСМ, македонскиот пасош доживеа нов пад од две места ан светската ранг листа на најмоќни патни исправи. Ова с е случува во континуитет со нашиот паосш во времето на оваа владејачка гарнитура.

Македонскиот се најде на 47-мото место на листата, и пад за две позиции во однос на лани, или за четири места во однос на 2018 година. Македонскиот пасош највисоко рангиран беше во 2014 година со 36-то место.

Како податоци во рангирањето се земаат земјите во кои со пасошот може да се патува без дополнителни ограничувања како што се визите.

Со македонскиот пасош во моментов може да се патува во 124 земји без никаква потреба од виза.

Што се однесува до соседните земји, македонскиот пасош е пред оној на Албанија, а позади Србија кој е на 40 позиција. Грчкиот пасош котира на високото 8-мо место, додека бугарскиот е на 8-мото место. Пасошот на Косово е 102-рото место.

Највисоко котираат пасошот на Јапонија кој е на првото место, а по него следуваат оние на Сингапур, Германија, Јужна Кореја, Финска, Италија, Луксембург и Шпанија. На дното последен е пасошот на Афганистан, а пред него Ирак, Сирија, Пакистан, Јемен и Сомалија.

Најнови вести