среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нов сомнителен случај на коронавирус во Македонија, резултатите од тестот се очекуваат за неколку часа

Нов сомнителен случај на коронавирус во Македонија, резултатите од тестот се очекуваат за неколку часа

Примен е уште еден пациент на Инфективната клиника кој допатувал од Дубаи пред неколку дена по шестдневен престој таму. Има симптоми слични на грип и во овој момент се прават тестовите и за околу 2-3 часа ќе бидат готови резултатите.

Ова на денешната прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочи дека во текот на денот ќе биде извршена дистрибуција на информативен и заштитен материјал, на сите гранични премини и на аеродромите.

-Сакам да информирам и дека има доволна количина на маски, мантили, скафандери. Количини кои ќе се дополнат во наредниот период, нагласи Филипче.

Тој апелираше до сите кои доаѓаат од критичните региони да се придржуваат до препораките во упатството и доколку почувствуваат некои од симптомите да не се шетаат низ здравствените установи, туку да се јават на телефоните за Институтот за јавно здравје.

Министерството за здравство синоќа информираше дека се негативни на корона вирус резултатите на пациентот кој вечерва беше тестиран на Инфективната клиника во Скопје.

Најнови вести