петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нова влада, стари ветувања и истрошени кадри- Заев најавува и нови кризи

Неисполнетите веувања на Зоран Заев од 2017 година, се повторуваат и во 2020 година за нов мандат.
Нова влада, стари ветувања и истрошени кадри- Заев најавува и нови кризи

На неодамнешната седница во Собранието на Република Македонија за верификација на предложените министри, Зоран Заев повторно со истите лаги од 2017 година ги манипулира граѓаните.

Наместо самиот пред себе да признае дека владата која беше предводена од него изминатите три години е најлошата во историјата на Република Македонија, тој дрско лаже и повторно ветува исти ветувања од предизборната кампања во 2017 година.

Иако три години манипулира со јавноста дека во нашата држава здравството е издигнато на завидно ниво, патната инфраструктура е подобрена, дека се зголемени платите, дека ќе се изгради Клинички центар, Зоран Заев сега повторно ги набројува истите работи кои веќе требаше да бидат реализирани. Тоа зборува за некадарноста и некомпетентноста на овие политички дилетанти, односно неспособноста на Зоран Заев.

Наместо проекти кои се од круцијално значење за Република Македонија и граѓаните, јавноста е сведок дека повторно се пропагираат популистички проекти и мерки, кои само ќе ги замајуваат граѓаните и ќе помогнат да се одвлече вниманието на страна од зделките и криминалите на Зоран Заев и врхушката околу него. Граѓаните на Република Македонија повторно се излажани и изманипулирани, а за жал тоа ќе се почувствува на животниот стандард и сивилото кое што допрва доаѓа во државата.

На лагите и ветувањата на Зоран Заев, одговори потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски кој истакна дека Зоран Заев и новоформираната влада немаат кредибилитет да водат државата.

„Овие луѓе немаат ниту легитимитет, ниту кредибилитет да ја водат Република Македонија. Ова е владината гарнитура која што ќе биде најкратката во историјата на Република Македонија и која што штотуку формирана, ќе треба да се соочи со реалноста и да остави Република Македонија да ја водат вистински и сериозни политичари кои со својот интегритет, квалитет и знаење ќе работат за доброто на татковината и својот народ”, заврши Николовски.

Инаку Заев пред изборите кои требаше да се одржат во април годинава вети 100 илјади нови работни места, 36.000 денари просечна и 18.000 минимална плата

Сто илјади нови работни места во нов цел четиригодишен мандат вети денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев, претставувајќи ја економската програма во пресрет на предвремените парламентарни избори.

Заев најавува поддршка од 600 милиони евра за бизнисот, односно 300 милиони евра поддршка од државата за домашни и странски инвестици и уште 300 милиони европски средства за развој на домашната економија.

Со ова, како што рече, невработеноста која сега изнесува 17,1 ќе ја намалат под осум проценти, односно под 20 проценти кај младите, која во моментот е 35 проценти.

Претседателот на СДСМ истакна дека во новиот мандат ќе продолжи растот на платите, односно просечната плата ќе порасне на 36 илјади денари, а минималната на 18 илјади денари.

Дел од плановите што ги претстави се и за 20 отсто повисоки плати на вработените во образованието и здравството, унапредување на условите за работа во ИТ индустрија во кој сектор ветуваат да го намалат персоналниот данок на нула проценти во 2023 година.

Според Заев, изминатите 2,5 години Владата направила сериозен исчекор на економски план, а политиките што ги спроведувале отвораат простор за уште поголем раст.

– Следуваат четири години мандат за најголем скок на нашата економија, рекордно намалување на невработеноста и рекорден раст на платите. Уште повеќе ги поддржуваме домашните фирми а со членството во НАТО носиме рекорден број странски инвестиции, наведе Заев.

Заев најави и нов карантин?!: Не чекаат 8 тешки месеци, животот во наредниот период ќе биде со сериозни проблеми

Пандемијата од коронавирусот веројатно ќе се влоши. Ги повикувам сите граѓани, да ја сватат оваа голема веројатност за сериозност. Треба да знаете сите дека животот во наредните 6 до 8 месеци во услови на Ковид 19 ќе биде многу потежок со сериозни проблеми отколку летото, рече Заев во своето експозе од Собранието на Република Македонија викендов од собранието.

Тој вели дека периодот пред нас носи нови предизвици. А најавува како што рече инвестиции во здравството.

Заев е директно виновен за доцнењето на платите во штипска Баргала

Зоран Заев е директно одговорен за доцнењето на плата во штипска Баргала. Toј е директно одговорен за доцнењето на плата во штипска Баргала за што самиот рече дека ќе има брзо решение на проблемот, напоменуваат во ВМРО-ДПМНЕ.

-Човекот кој не може да исплати плата на уметниците и министерството за култура нема право да се фали онаму каде нема простор за тоа. Заев не решава проблеми, тој е дел од проблемот. Баргала Заев ја реши исто како и Еврокомпизит и Колска кои се најголемите загубари. Пред 4 години овие две фабрики му беа неговото ветување. Заев е директно виновен за осиромашувањето на македонскиот народ, стои во нивното соопштение до јавноста.

Најнови вести