Новинарот на регионалната телевија Н1 во вчерашното интервју со Зоран Заев со емисијата „Пресинг“ со доза на цинизам му вели на Заев дека тој во Македонија зборува за просечна плата од 500 евра како да е тоа нешто, додека платите во Европа се далеку поголеми од таа што тој ја ветува.
– Вие овде во Македонија говорите за плата од 500 евра, како желба, како во Босна и Херцеговина од плата од 1.000 марки, како да е тоа нешто, вели тој.
Заев на ова одговори дека во Македонија просечната плата стигнала до 410 евра, на што следеше одговор од новинарот дека во Босна и Херцеговина е поголема и изнесува 452 евра просечна плата.
-Наша цел е да постигнеме реална просечна плата, тоа значи и приватно и државно и се да биде 500 евра и тоа е достижно. Не е нешто имагинарно, во Германија просечната плата е 5000 евра, вели Заев.