вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Новите аудио “бомби“ откриваат скандали за мито и рекет, Заев  ги брани оние кои изнудуваат пари

Новите аудио “бомби“ откриваат скандали за мито и рекет, Заев  ги брани оние кои изнудуваат пари

За само неколку дена јавноста беше сведок на низа скандали. Аудио “бомбите“ кои беа објавени се доказ дека лица блиски до Зоран Заев бараат мито и бараат рекет, но лидерот на СДСМ застанува во одбрана на оние кои на овој начин го кршат законот.

Купче пари во рацете на Ден Дончев. Прв пат македонски политичар фатен со мито. Вчера на Интернет се појави нова аудио и видео бомба од која се гледа како Директорот на ФЗО, Ден Дончев, зема пари како и разговори поврзани со рекетирање за фирмата „Дијамед“, објави НЕТПРЕС.

На видеото, Ден Дончев зема пари и потврдува дека е во целосна координација со тогашниот премиер Зоран Заев.

-Од аудиото се слуша како доскорешиот директор на Фондот за здравство, Ден Дончев, се фали дека е во постојана комуникација со директорот на финансиското разузнавање Блажо Трендафилов, кој самиот Дончев тврди дека му бил близок пријател на Зоран Заев и затоа го поставил на таа позиција. Во разговорите може да се слушне како Дончев го координира случајот „Рекет 2“, односно да влезат во компанијата „Дијамед“ која пак обвини за рекетирање од власта. За потсетување Вера Иванова, бизнисменката која го продаде „Дијамед“ на шведска фирма со се 20-годишна лиценца за дијализа, пред неколку месеци поднесе кривична пријава против министерот за здравство Венко Филипче и против директорот на Фондот за здравство Ден Дончев. Адвокатот на Иванова тврди дека ја оневозможувале продажбата на странски инвеститор со што предизвикале штета и на бизнисменката и на државата, пишува НЕТПРЕС.

Пред само неколку дена, јавноста беше сведок на друг скандал. Имено, во тогаш објавените аудио бомби, како што пишуваа медиумите, брат на судијка блиска до Заев бара 6 милион евра за да се укине притвор.

„Дајте 6 милиони еврa и ќе ја завршиме работа“, вели братот на судијката во аудио снимката.

Порталот пишуваше дека Димишков во разговорот со непознато лице вели дека ќе проба да ја намали сумата иако таа е голема.

-Тие ми рекоа (наводно се мисли на Вице Заев и наЗоран Заев) ама јас треба уште еднаш да разговарам, ќе им намалам нешто, тие многу забегаа не очекував толку многу да побараат, вели гласот на снимката.

По три дена молк Заев се огласи за снимките поврзани со адвокатот кои се појавија на Јутјуб. Лидерот на СДСМ вели дека не бил дел од разговорите во кои се споменуваат од три до девет милиони евра. Не знаел ниту да ги напише тие суми.

Смета дека најдобар демант за тоа дека тој или неговиот брат Вице Заев разговарале со адвокатот се материјалите каде што се слуша гласот на Зоран Милески-Кичеец. Како и тврдењата на обвинителката Русковска дека тие разговори биле дел од доказната постапка за случајот “Рекет”. Заев смета дека конекциите меѓу адвокати, судии и обвинтели мора да запрат.

-Овие 4 милиони 6 милиони 8 милиони јас вие веројатно не знаеме ниту да ги напишеме. И тоа грозотијата сама по себе кажува колку со леснотија ги спомнуваат тие милионите. Само по себе демант се појави после два дена каде што се гледа дека ниту струмичанецот зборел внатре туку дека зборел Зоран Милевски-Кичеец со Димишкови. И втора работа спомнувањеѕто на некој таму не се однесува на Зоран Заев, Вице Заев или било кое од имињата кои се спонати таму, вели Заев.

Освен што се оправда себеси, тој во јавноста ги брани и сторителите на овие кривични дела.

Така, кога Дончев е фатен на дело дека зема поткуп и свесен дека не може да сокрие што направил, тој си поднесе оставка. Заев наместо да бара одговорност од екс-директорот на ФЗОМ, тој бара за него апанажа. Тоа значи дека Дончев, освен парите од поткупот, цела една година ќе зема пари на граѓаните.

Најнови вести