вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Објавени националните стратегии за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам

Објавени националните стратегии за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам

Националната стратегија за спречување на насилен екстремизам (2018-2022) и Националната стратегија за борба против тероризам (2018-2022) заедно со акциските планови се достапни на увид за јавноста, соопшти денеска Владата.

Двете стратегии беа усвони на 57. седница на Владата, која се одржа на 6 март.

Стратешките документи беа изработени од Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, кој е раководен од национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, Борче Петревски, кој има двајца заменици едниот задолжен за спречување насилен екстремизам, другиот за борба против тероризмот.

Во комитетот партиципираат 22 членови и 22 заменици-членови кои се постојано вработени во 21 министерство и институции на Република Македонија.

За време на изготвувањето на документи беа вклучени сите членови на Националниот комитет, експерти посветени на спречувањето на насилниот екстремизам и борбата против тероризмот, како и претставници од граѓанското општество, кои учествуваа на јавни консултации организирани во Скопје и Тетово.

Потребата за изготвување на нови национални стратешки документи е со цел да се пренесат активностите во спречувањето на насилниот екстремизам и радикализацијата на полето на превенцијата и да се примени сеопфатен општествен и институционален пристап при справувањето со овие безбедносни феномени.

Најнови вести