Еднодневна обука за сајбер безбедност за ученици, наставен кадар и родители, денеска ќе се одржи во Скопје во организација на Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за образование и наука, мисијата на ОБСЕ во Скопје и Фондацијата Метаморфозис.
На обуката најавено е обраќање на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, министерот за образование и наука Арбер Адеми, директорот на Фондацијата Метаморфозис Бардил Јашари и Клеменс Која, амбасадор на ОБСЕ Мисијата во Скопје.
Целта на обуката е да се подигне свеста за ризиците во сајбер просторот, како и одговорностите на родителите, образовните институции и органите на државната управа при справување со сајбер инциденти кај учениците од основно образование.