четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Обвинителството ја развлекува истрагата, се прави ли безбедносен коридор за Заев?!

Обвинителството ја развлекува истрагата, се прави ли безбедносен коридор за Заев?!

Зошто истрагата за „Рекет“ се развлекува иако доказите излегоа на виделина одамна?

Цели три месеци откако новинарот Бранко Героски ја обелодени аферата иако користеше псевдоними, обвинителството не започна истрага по допрен глас.

Долго беше потребно јавниста да ги види првите чекори, а тоа е апсењето на Боки 13 и Зоки Кичеец. Истиот ден, речиси во исто време, Катица Јанева си поднесува оставка од функцијата шеф на СЈО. Пресимптоматично за да биде случајност. Сепак истрагата не се проширува за неа.

Македонските медиуми наголемо ја поврзуваа Јанева со кривичните дејствија во „Рекет“, а во оваа насока се огласуваа и аналитичарите. Кај јавоста секој ден стануваше појасно дека Боки и Зоки не можеле сами, ако некој голем играч не им го “чувал грбот“.

Дури кога италијански медиум објави видео и аудио записи во кои јасно се слуша и гласот на Јанева, надлежните мрднаа од “мртва точка“.

Но беа внимателни и попустливи, па две недели ја оставија Јанева на слобода, со одврзани раце, со можност да направи што сака.

Да избега, да уништи докази или да влијае на сведоци. А, ова се трите опасности поради кои на осомничено лице му се одредува притвор.

30 дена во Шутка Јанева доби дури доцна синоќа.

Истрагата тече многу споро, развлечено, како да наликува дека некој постојано притиснува кочница.

Клопчето полека се одмотува, но уште голем дел има заплеткано.

Низа прашања остануваат отворени, а можеби најважното од нив е дали со ваква развлечена истрага се прави обид за спас на премиерот Зоран Заев?

Имено, откако Јанева официјално стана осомничена, остана уште името на премиерот, меѓу оние “големи играчи“ во „Рекет“.

Кој им гарантирал на Боки и Зоки дека никој нема да им застане на патот?

Медиумите кои со месеци пишуваат за Кики и Фрики, но и за Јанева, недвосмислено го обелоденуваат и името на Заев како лице без чие соучество немало така слободно да може да се рекетира.

Најнови вести