среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Од Харков евакуирано семејството Спирковски кое е со новороденче, денеска ќе ја напуштат Украина

Од Харков евакуирано семејството Спирковски кое е со новороденче, денеска ќе ја напуштат Украина
илустрација

Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека семејството Спирковски, од градот Харков, кое беше во најтешка состојба, со новороденче кое има само неколку дена, во моментов е дел од посебен безбедносен коридор на повеќе од 100км од градот и е на пат да ја напушти Украина.

-Тие со на безбедно и се во добра состојба. Очекувам во текот на денот да ја напуштат Украина и потоа со асистенција на нашата дипломатска мрежа, од соседството на Украина, ќе се воспостави нивниот транспорт до Скопје. Ова е најсложениот случај од процесот на евакуација. Продолжуваме понатаму во соработка со нашите партнери и сојузници, во обезбедување нови безбедносни коридори за евакуација на нашите граѓани од Украина, напиша Османи на Фејсбук.

Посочува дека во Харков, градот кој е најпогоден со воени дејствија, во моментов нема веќе пријавени македонски државјани.

Најнови вести