сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Од недела стабилно време со пораст на дневната температура

Од недела стабилно време со пораст на дневната температура

Од недела се очекува период на стабилно време со пораст на дневната температура.

Како што соопшти УХМР, за утре, се прогнозира свежо утро, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје, утре, сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Најнови вести