понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Од полскиот инвеститор за кој наводно беше наменето укинувањето на царината за литиум-јонски акумулатори која единствено компанијата на Анѓушев ги увезува, ни трага ни глас

Од полскиот инвеститор за кој наводно беше наменето укинувањето на царината за литиум-јонски акумулатори која единствено компанијата на Анѓушев ги увезува, ни трага ни глас

Три месеци поминаа од кога владата на Република Македонија ја укина царината за увоз на литиум-јонски акумулатори, и сè уште нема детали дали и кога ќе инвестира во земјава полската компанија која беше посочена како оправдување за ваквата мерка, пишува Економски.мк.

Во ноември  Владата ја укина царинската давачка, која претходно изнесуваше 15 отсто. Тие истакнаа  дека тоа се прави по барање на потенцијален инвеститор од Полска кој би произведувал електрични автобуси и мопеди. Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев вели дека преговорите со компанијата се сè уште во тек.

Имено, оваа мерка предизвика сомнежи и бранувања во јавноста затоа што само една компанија од Македонија би имала огромна корист од оваа мерка а тоа е компанијата на актуелниот вице- премиер Кочо Анѓушев. Компанијата Брако на Кочо Анѓушев е компанија што ги увезува овие  акумулатори и ги вградува во електрични возила.

Ова не е  прв пат луѓе кои се дел од  сегашната владејачката структура на  Република Македонија да ги искористуваат нивните позиции за да носат закони кои се наменети за нивен сопствен бенефит додека македонските компании се оставени сами на себе. Голем дел од експертската јавност го критикуваше планот за економски развој на владата на Република Македонија и го окарактеризира како селективен и не фер. Малите компании се жалат дека мерките се така скроени да средствата одат само кај подобро стоечките компании додека за малите компании кои се моторот на секоја економија се маргинализирани.

Најнови вести