недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Од понеделник снег и на пониските места

Од понеделник снег и на пониските места

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека продолжува периодот на променливо облачно време со релативно високи утрински температури.

Под влијание на влажен бран, за време на викендот ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта кон недела и во недела наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Од понеделник се очекува заладување што ќе услови провејување снег и во некои пониски места.

Минималната температура ќе се движи од два до 12 степени, а максималната од шест до 16 степени.

Најнови вести