Во следните два дена времето ќе биде стабилно, утре со умерен до засилен северен ветер (повремено со брзина над 60км/час). Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во пораст.
Под влијание на нов влажен и студен бран од сабота кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег.
Пообилни врнежи се очекуваат во недела.