Од утре во поголем дел од државата ќе биде стабилно и суво, а дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината што ќе предизвика топење на снежната покривка.
Дневните температури утре ќе достигнат максимум до 13-тиот степен.
УХРМ информира дека најсончево ќе биде во сабота, а во недела ќе има умерена до значителна облачност.
По котлините, вклучувајќи ја и скопската, ќе има магла и ниска облачност, особено во недела. Дневната температура во овие места ќе остане пониска.