четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Од вчера се казнува неносењето заштитна маска

Од вчера се казнува неносењето заштитна маска

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека од вчера (30.04) се казнува непочитување на Уредбата за носење на заштитна опрема.

-Задолжителното е носење заштитна опрема (маска, марама или шал) на устата и носот, во сите јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично.

-Носењето на заштитна опрема е задолжително и на отворени простори, секогаш кога не може да се одржува минимална дистанца од два метри меѓу граѓаните.

-Заштитна опрема не е задолжителна за граѓаните кои престојуваат во двор на станбена семејна куќа, возат велосипед или спортуваат на отворено, (но со задолжително одржување на дистанца од два метри растојание), ако патуваат во моторно возило со лица кои заедно живеат, како и ако се наоѓаат на отворено каде може да одржуваат дистанца од два метри.

Најнови вести